Започна самитот во Тирана: Рама со чадор ги пречека гостите

од Вести365.МК Ј.Р.

Албанскиот премиер Еди Рама, кој е домаќин на Шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПС) „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, ги пречека гостите во Тирана. На самитот учествуваат 47 шефови на држави или влади заедно со лидерите на клучните европски и меѓународни институции. Меѓу нив е и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

На дождливото време, Рама со чадор во рацете и во негов стил, на колена ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони, која се пошегува дека го направил тоа за да биде висок колку неа.

На самитот пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој претходно беше во Анкара на разговорите за постигнување мир со Русија. По него стигна и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На самитот присуствуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, шефот на НАТО, Марк Руте, премиерот на Полска, Доналд Туск, германскиот канцелар, Фридрих Мерц, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Косово, Вјоса Османи, италијанската премиерка Џорџа Мелони премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ…

Слични објави