Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:53 часот, информираат од комбинатот. Додаваат дека постројката е повторно ставена во фунција по завршувањето на активностите за нега и санација.
Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока, се вели во информацијата од РЕК Битола.