„Екопикник“ за промоција и поддршка на домашните производители

Во саботата на 20.5.2023, во Паркот на франкофонијата за прв пат се одржа манифестацијата ЕКОПИКНИК во организација на Општина Центар, проследена со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Со цел промоција на локалните производи, излагачи на настанот беа македонски производители на храна и пијалаци, а на штандовите беше застапена традиционалната македонска храна. Во музичкиот дел на манифестацијата настапија децата од градинките и основните училишта како и Здружението на пензионери и Ансамлот „Кочо Рацин“ од Општина Центар.

„Со гордост можам да кажам дека Општина Центар вложува многу во заштита и минимизирање на негативните влијанија врз економската состојба на нашите семејства. Тоа го постигнуваме преку креирање програми и проекти посветени на семејствата. Токму тука во текот на вчерашниот ден доделивме 130 решенија за финансиска поддршка на семејствата со новороденче. Ова е само еден дел од помошта што Општина Центар ја доделува со цел заштита на семејствата. Исто така Општина Центар силно инвестира во градинките и училиштата и вложува во нови објекти бидејќи ги вреднува нашите деца и нивната иднина“, изјави Герасимовски, кој викендов исто така зеде учество во панел дискусијата „10 години потоа, кога бевме помлади“, во рамки на Академијата за јавни политики, дел проектот за Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија, поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи.

На панел дискусијата заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, Герасимовски и учесниците дискутираа и за работата во Општина Центар, работата на Советот, за тоа како функционираат советничките групи и општо, за локалната политика во државава.

Слични објави