Душко Арсовски ја напушти функцијата портпарол на Влада

од Вести365.МК Ј.Р.

Душко Арсовски денеска го завршува својот ангажман како портпарол на Владата. Оваа информација ја соопшти премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на денешната прес-конференција.

Пред да започнам со прес-конференцијата сакам да му се заблагодарам од мое име и од името на Владата на досегашниот портпарол на Владата Душко Арсовски кој денеска го завршува својот ангажамна како портпарол на Владата на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера, изјави Ковачевски.

На крајот од прес-конференцијата Арсовски изрази благодарност до медиумите за соработката, како и до Владата за довербата во изминатиот период.

Душко Арсовски е новинар со повеќе од 20 годишно искуство. Од 2012 година е уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник на Информативната програма. Претходно работеше како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на Би-Би-Си на македонски во Скопје. Во својата кариера, тој две години беше уредник/водител на вестите на ТВ Алфа како дел од тимот којшто ја основаше телевизијата во 2008. Кариерата ја започна во Македонското радио, во програмата за деца, во 1998. Подоцна работеше во скопската телевизија Скај Нет, од каде во 2003-та премина во Македонската Телевизија каде работеше како новинар за надворешна политика, а подоцна и уредник на Дневникот.

Слични објави