Драма во Србија: Украден автомобил со девојче внатре, таа успеала да избега

од Вести365.МК Ј.Р.

Полицијата во Обреновац од синоќа трага по автомобил што маж го украл од бензинска пумпа, па удрил во бензинската и побегнал, дознаваат медиумите. Како што јавуваат српските медиуми во моментот на кражбата во автомобилот имало дванаесет годишно девојче.

Според српските медиуми, девојка (26) дошла со „пунтото“ на бензинската пумпа во Обреновац. Во еден момент отишла да плати гориво, а во автомобилот ги оставила братучетка си и клучевите од автомобилот. Непознат маж го искористил невниманието на девојката, влегол во автомобилот и побегнал со него.

Сепак, девојчето кое била во возилото успеало да скокне од автомобилот. Според неофицијални информации, тоа не е повредено.

За случајот е информирано и обвинителството. Полицијата врз основа на видеото се обидува да го идентификува крадецот.

Слични објави