Дневен хороскоп за 28 мај – Партнерот може да бара повеќе присуство

од Вести365.МК Ј.Р.

Овен

Денот може да донесе застој поради обврски, рокови и луѓе што очекуваат веднаш да завршите сè. Можно е да мора да исправате туѓи пропусти или да решавате нешто што не е ваша работа. Денеска може да дојде до напнатост поради секојдневните обврски, замор. Слободните може да имаат контакт со личност од секојдневието. Чувствителност во главата и мускулите на вратот поради напнатост.

Бик

Денеска фокусот е на тоа колку работата ви носи задоволство, а колку обврска. Можно е да сакате да завршите нешто покреативно, но секојдневните обврски ќе ве враќаат на рутината. Денеска ќе ја отворите темата за емоции што биле потиснувани. Слободните може да имаат многу интересен контакт. Болки во вратот и рамениците, потребна е релаксација.

Близнаци

Денот ви носи одлична способност за снаоѓање и брзо размислување, но и многу паралелни обврски. Можно е да решавате ситуација што бара брз одговор и добра проценка. Може да дојде до искрен разговор што ја менува атмосферата во врската. Слободните ќе влезат во многу интензивна комуникација со нова личност. Можна е несоница.

Рак

Денот повеќе бара повлекување и работа без многу зборување. Можно е јасно да почувствувате каде некој не е искрен или каде се обидува да го сокрие вистинскиот мотив. Емоционално ќе се дистанцирате поради замор или премногу обврски. Слободните може да обноват контакт со личност од минатото. Чувствителен стомак и променлив апетит.

Лав

Денот може да донесе напнатост преку тимска работа или луѓе со кои соработувате. Некој може да се обидува да го наметне своето мислење или да го промени договорот. Денеска може да дојде до расправија поради тврдоглавост. Слободните може да запознаат многу харизматична личност преку друштво или онлајн. Чувствителни се ’рбетот и грбот.

Девица

Денот ве става во центарот на случувањата и бара максимална организација. Можно е да мора да решавате повеќе работи одеднаш. Сепак, токму вие денес најбрзо можете да најдете практично решение. Денеска може да дојде до разговор за секојдневните обврски. Слободните ќе имаат контакт со некого преку работа. Чувствителен нервен систем, побарајте мир преку медитација.

Вага

Денот може да донесе внатрешен притисок поради обврски што доаѓаат или одлука што не сакате да ја донесете набрзина. Можно е да се обидувате да балансирате меѓу своите желби и очекувањата на другите. Во љубовта ќе се појави чувство на дистанца од партнерот. Слободните може да бидат привлечени од личност што делува емоционално затворено. Чувствителни бубрези и ниско ниво на енергија.

Скорпија

Денот може да ви донесе многу силна потреба да ја контролирате ситуацијата, но и судир со личност што се обидува да доминира. Кај зафатените може да дојде до сериозна расправија околу довербата. Слободните ќе чувствуваат многу силна привлечност кон личност што делува комплицирано. Насобраниот стрес може да донесе пад на енергијата.

Стрелец

Фокусот е на работата и обврските што повеќе не можат да чекаат. Можно е денес да мора да преземете одговорност за нешто што другите го избегнуваат. Партнерот може да бара повеќе присуство. Слободните може да запознаат некого преку работа кој делува многу амбициозно. Чувствителни колкови, нозе и мускули поради премногу активности.

Јарец

Денот може да отвори тема за патување, документација, соработка со луѓе на далечина или нешто што бара посериозна организација. Ќе треба брзо да реагирате поради некоја промена на планот. Денеска на зафатените може да им годи разговор што ги извлекува од рутината и им враќа подобра енергија во врската. Чувствителни грб и зглобови.

Водолија

Денот може да донесе важна тема околу заеднички пари, трошоци, долгови или поделба на обврски. Можно е да сакате да пресечете ситуација што ве оптоварува подолго време. Ќе започнете разговор за нешто што долго се премолчува. Слободните може да почувствуваат многу силна привлечност кон личност што делува мистериозно. Организмот ви реагира на стресот, потребен ви е повеќе одмор.

Риби

Фокусот е на соработките и односите со другите луѓе. Можно е некој денес да бара поконкретен одговор, појасен договор или попрецизни услови. Партнерот ќе бара отворен разговор и поконкретна реакција. Слободните може да имаат многу романтичен контакт. Можни осцилации на крвниот притисок.

Слични објави