Дневен хороскоп за 27 февруари – Се враќате во форма!

од Вести365.МК Ј.Р.

ОВЕН

Ако навистина треба да донесете важни одлуки денес, најдобро би било да се консултирате со некој кој ви е близок и лојален. Нејасни врски, метење под тепих, стари проблеми… Ќе мора да се „заглавите“ со работата или да побарате туѓа помош. Нервоза.

БИК

Некој може да се обиде да ве ограничи во она што го сакате или во она што сте го планирале и лесно можете да залутате. Зафатените луѓе ќе му угодат на партнерот во се, па дури и на своја штета. Скромноста во вашите барања може да ви користи подоцна. Се враќате во форма!

БЛИЗНАЦИ

Малку ќе се ослободите од проблемите кои ве притискаа во претходниот период и тоа ќе ви даде крилја. Партнерот нема трпение за вас. Опуштете се и бидете малку поубави со деловното опкружување. Физички сте стабилни.

РАК

На моменти сте напорни кон себе, а само замислете ја околината и блиските луѓе особено… Спуштете ја топката и не навлегувајте во непотребни расправии. Ситуацијата не е сјајна, но можете да ја поправите со разговор. Не сте организирани. Потрудете се и се ќе помине полесно. Несоница.

ЛАВ

Ситуациите се натрупуваат веќе некое време и доколку навистина не почнете да ги решавате и средувате, работите може да тргнат наопаку. Може да влезете во врска која навистина не ви е потребна во моментов. Посебна претпазливост за оние кои се во врска. Може да очекувате стабилност на овој фронт. Можни се стомачни проблеми.

ДЕВИЦА

Без разлика што многу очекувавте и ја попречувавте сопствената реализација со преголемите амбиции, сега се согласувате на компромис. Врската се гради на доверба, нема доверба со вас. Изгубеното не може да се врати. Оставете другите да ја водат играта денес. Хранете се поздраво и воведете некоја полесна физичка активност.

ВАГА

Фокусирани сте на некои настани во кругот на семејството и за тоа одзема добар дел од вашето време и внимание. Ќе треба да направите некои промени. Намалете ги трошоците на минимум. Стабилно здравје.

СКОРПИЈА

Имате шанса да ги реализирате вашите идеи, затоа немојте да бидете мрзливи и преземете акција. Доколку нешто криете, особено внимателно денес. Бидете подготвени за критика. Замор.

СТРЕЛЕЦ

Некои луѓе ги сметате за инфериорни, а постои можност да бидете принудени да поминете извесно време со нив. Ви треба некаква промена. Не е најдобрата ситуација, или барем не е онаа што ја сакате. Добро здравје.

ЈАРЕЦ

Можеби сега некои работи ви изгледаат недостижни, но со трудот што го вложувате во се што правите, целта е блиску. Веројатно ќе продолжите да работите на нов предизвик кој ќе си го поставите. Ќе научите добра лекција. Исцрпени сте, не дозволувајте луѓето околу вас да ве исцрпат.

ВОДОЛИЈА

Целиот труд што сте го вложиле досега конечно ќе ви се исплати. Блиската иднина ви изгледа одлично…Пријатните соништа што ги имате за вашето минато може да ви дадат ново значење и на тој начин да ви помогнат во сегашноста. Низа добри потези и се ќе биде во ред. Стабилно здравје.

РИБИ

Може одеднаш да се појави некој што не сте го виделе долго време. Ова треба да биде пријатно изненадување… Успехот и среќата дефинитивно ве следат, без разлика дали преку тоа партнерство или не. Озборувањето не смее да ве вознемирува. Тироидната жлезда може да предизвика проблеми.

Слични објави