Овен
Љубов:
Ве следи нова емотивна дилема. Не знаете дали вашиот партнер греши или едноставно изгледа сомнително за работите за кои молчи.
Работа:
Треба да пронајдете ново решение, за правилно да ги решите различните недоразбирања кои ве придружуваат при средбата со колегите.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови добар сон, обрнете внимание на соништата.
Бик
Љубов:
Нема причина да се однесувате нерасположени или таинствено во друштво на саканата личност. Разбудувате нечиј сомнеж.
Работа:
Без разлика на големата упорност или тактика што ја спроведувате кон вашите деловни партнери, сепак нема видливи промени.
Здравје:
Ќе уживате во разговор или психолошка релаксација, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Избегнувајте нови семејни или партнерски расправии. Најдобро се чувствувате со личност која ги разбира вашите идеи и емоционални потреби.
Работа:
Поради различните правила наметнати од одредени соработници, мора да прифатите компромисна или комфорна опција.
Здравје:
Внимавајте на посоодветна здравствена заштита.
Рак
Љубов:
Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери.
Работа:
Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, најдете си соодветен партнер.
Здравје:
Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.
Лав
Љубов:
Имате впечаток дека вашиот емотивен живот не е доволно интересен и возбудлив до степен до кој би сакале. Направете нешто во врска со тоа.
Работа:
Потрудете се да бидете понапред од другите соработници, кои сметаат на вашата неинформираност или непознавање на деловните можности.
Здравје:
Поттикнете позитивно расположение кај себе.
Девица
Љубов:
Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.
Работа:
Важно е работите да завршат на добар начин. Доволно сте вешти да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтни ситуации.
Здравје:
Не ги задржувајте вашите чувства или желби, опуштете се.
Вага
Љубов:
Контролирајте ги негативните страсти во емотивната врска и не дозволувајте некој да ве наведе на погрешно однесување.
Работа:
Важно е да ги поставите вашите идеи на вистинското место, за сите околу вас да бидат среќни и задоволни. Поттикнете го вашето креативно расположение.
Здравје:
Ќе уживате во престој во природа или некоја спортска активност.
Скорпија
Љубов:
Некој ви дава до знаење дека ја очекува вашата безрезервна посветеност и ги отфрла интригантните ситуации низ кои поминувате.
Работа:
Повнимателно анализирајте ја вашата околина и колегите, треба да бидете добро информирани за различни деловни аспекти.
Здравје:
Забавете го брзото темпо, опуштете се.
Стрелец
Љубов:
Саканата личност го анализира вашето однесување и наоѓа разни замерки, но вие немате доволно трпение да слушате критики.
Работа:
Новите деловни настани носат мала конфузија. Наместо да ги надмудрите противниците, подобро е да преземете конкретни мерки.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација или престој во природа.
Јарец
Љубов:
Не можете да се опуштите, некој одеднаш ви задава дополнителни проблеми или нови емотивни дилеми. Изгледате несигурно.
Работа:
Обрнете внимание на новите информации или на туѓото предупредување. Важно е да дадете добар пример со вашето однесување.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни односи и стресни ситуации.
Водолија
Љубов:
Покажете повеќе разбирање и нови изливи на нежност кон вашата сакана личност. Некој ги освојува вашите симпатии и емоционална наклонетост.
Работа:
Нема причина да ги мистифицирате вашите деловно-финансиски планови или да игнорирате нечие присуство и покана.
Здравје:
Почестете се со некои „убави ситници“ како рецепт за добро расположение.
Риби
Љубов:
Ви недостига емоционална стимулација, но не сакате да се задоволите со пасивна улога. Слободно повлечете изненадувачки потег.
Работа:
Вие сте во одлична форма. Не пропуштајте можност што ветува деловна добивка или корисно рекламирање.
Здравје:
Обидете се правилно да ја канализирате вашата креативна енергија.