Овен
Љубов:
Слушајте повнимателно и анализирајте ја пораката на партнерот. Не игнорирајте нечии зборови.
Работа:
Понекогаш е тешко да се признае поразот, но тоа е првиот чекор што води до психолошко олеснување.
Здравје:
Избегнувајте импулсивни реакции.
Бик
Љубов:
Размислете како треба да привлечете нечие внимание или да анимирате една личност. Користете докажан „рецепт“.
Работа:
Доколку сакате да ги постигнете вашите деловни цели, потребна ви е нечија поддршка, соберете ги потребните информации.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.
Близнаци
Љубов:
Контролирајте ги вашите афекти и негативни страсти во вашата врска, не дозволувајте некој да ве наведе на погрешно однесување.
Работа:
Во средбата со колегите ве очекува ново или поучно искуство. Поттикнете ја љубопитноста и креативното расположение на вашиот дух.
Здравје:
Ќе ви годи престој во природа или некоја спортска активност.
Рак
Љубов:
Партнерот нема намера трпеливо да ја чека вашата одлука, туку презема изненадувачки чекор и иницијатива. Логично, се си има своја цена.
Работа:
Вашите примарни интереси се од практична природа. Можете лесно да ги постигнете вашите деловни цели.
Здравје:
Во исхраната треба да внесувате повеќе течности и витамини.
Лав
Љубов:
Обидете се да ја израдувате вашата сакана личност со некоја необична идеја, сè изгледа поинаку во романтично расположение.
Работа:
Изгледате многу амбициозни, внимателно проверувате различни информации кои влијаат на квалитетот на заедничкиот бизнис.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Девица
Љубов:
„Деталите“ кои мудро ги премолчувате имаат поголемо значење од работите кои му ги соопштувате на љубовниот партнер.
Работа:
Според вас, нечија приказна делува неубедливо и претерано, па се потпирате на личното расудување и способности.
Здравје:
Треба да ја подобрите вашата кондиција.
Вага
Љубов:
Средбата со една личност е повеќе како игра на „емоционално прикривање“ и тестирање, отколку на искрена размена на чувства.
Работа:
Се соочувате со нова деловна дилема. Избегнувајте натпреварувачки ситуации, особено кога немате проверени информации.
Здравје:
Обрнете внимание на веселите содржини, опуштете се.
Скорпија
Љубов:
Обрнете внимание на личноста која ве гледа со заљубен поглед или со топла насмевка на усните. Препуштете се на вашата инспирација.
Работа:
Прифатете нови идеи со намера да ги проширите вашите хоризонти. Некој ве насочува кон креативно изразување и дејствување.
Здравје:
Почестете се со вашата омилена забава, како поттик за добро расположение.
Стрелец
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, подобро е да ја прифатите утешната опција, иако таа не е карактеристична за вашиот темперамент и карактер.
Работа:
Постапувајте според вашата совест, важно е да се почитува меѓусебниот договор или воспоставените правила во деловната соработка.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации.
Јарец
Љубов:
Изгледате загрижено, имате впечаток дека неправедно страдате поради нечие нерасположено однесување или отсутност.
Работа:
Важно е да одржувате добра деловна позиција меѓу колегите, не штедете енергија или време.
Здравје:
Избегнувајте ја варијантата на самоказнување.
Водолија
Љубов:
Делувате задоволно и инспиративно, добивате емоционална поддршка од личност која има важно место во вашиот живот.
Работа:
Треба да преземете активна улога или да се ориентирате кон практични решенија. Тоа ќе покаже дека успехот е на ваша страна.
Здравје:
Направете нешто корисно како поддршка за подобар изглед и подобро расположение.
Риби
Љубов:
Подобро е да се справите со сопствените дилеми отколку да се вклучите во туѓите планови. Останете на страна, се знае кому каде му е местото.
Работа:
Поаѓате од погрешни информации, па носите погрешен заклучок. Деловниот неуспех претставува логичен редослед на настани.
Здравје:
Обрнете внимание на здрав и уреден живот.