Димитров: Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат – царот е гол, колку и да се пeрчи!

Извештајот е дециден оти нема никаков напредок ниту во судските реформи, ниту во борбата против корупцијата, а во судството на тапет сосема логично е ставен Судскиот совет, вели поранашниот министер за надворешни работи од актуелната власт Никола Димитров по вчера објавениот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

Според него да не беше ваков геополитичкиот контекст, се стекнува впечаток дека Европската комисија ќе нотираше и назадување во клучните области, но како и да е, Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат – царот е гол, колку и да се пeрчи!

Суштината на Извештајот е буквално во првите две реченици на комуникацијата на ЕК, кој е еден од документите во пакетот: македонските власти постојано зборуваат дека членството во ЕУим е стратешка цел, ама крајно време е да почнат да испорачуваат, посебно во најважните области – судството, борбата против корупцијата, јавната администрација, јавните финансии и јавните набавки, истакна тој за ДВ.

.

Слични објави