Димитриевски: Владата вложи само 15 милиони денари, проектот „Лидл“ да не го преставуваат како свој

од Вести365.МК | М.Т.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денеска испрати демант и реакција на соопштението на СДСМ, ставот на Владата и вицепремиерот Битиќи за наводите дека инвестициите во индустриската зона “Новини и Речица” во Куманово, вклучувајќи ја и последната на ЛИДЛ се обезбедени од страна на власта и нивните економски политики.

-Сaкам да ја искористам оваа прилика во целост да го демантирам вицепремиерот Битиќи, бидејќи во оваа индустриска зона Владата освен 15 милиони денари во самата инфраструктура, во друго нема вложено ништо, иако ни беа ветени над 100 милиони денари за Општина Куманово за развој на оваа индустриска зона.

Сите инвестиции кои што се реализирани во зоната, до сега вкупно четири се чисто приватни инвестиции, без поддршка на Владата и исклучиво приватнo финансирани од домашни и странски инвеститори, посочува Димитриевски.

Вели дека е изненаден „од лицемерието на поединци кои што денеска присуствуваа на отварање и отпочнување со овој проект“, бидејќи, како што истакнува, „дел од нив беа најголемите “кочничари” на денешниот проект кој што денеска овој еминентен инвеститор во нашиот град го отпочна, јас му посакувам успех и среќа, а се надевам дека оваа пракса на среќно фрлање на лопати ќе замине, бидејќи ме потсетува на периодот на владеење на г-инот Груевски“.

Слични објави