Таа е прекрасна дама во долг бел фустан преку ден и сензуална жена (25) во мини кожен фустан навечер.
Така накратко би го опишале вчерашното појавување на Кајли Џенер, членка на кланот Кардашијан-Џенер.
На модната недела во Париз, Кајли покажа два look-a и остави силен впечаток веќе по излегувањето од хотелот. За тој ден се одлучила за помирна верзија – бел долг фустан, во горниот дел е тесен, а здолништето широко и раскошно. Фустанот беше „збогатен“ со бели сандали и мала чанта.
Реалити ѕвездата за вечерта се појави во поатрактивно издание, а вечерното излегување го „зачини“ со мини здолниште и кожна јакна.
