Филмот има необичен визуелен стил со кој дел од публиката беше воодушевена и трогната од бруталните детали од борбата со нарушувањето во исхраната, додека другиот дел беше згрозен.
Додека филмот „Барби“ моментално е хит во кината, некои се сетија на друг филм со познатата кукла, кој е толку контроверзен што беше забранет за прикажување. Станува збор за филм од 1987 година на режисерот Тод Хејнс, кој ја анимирал популарната кукла за да го прикаже животот на пејачката Карен Карпентер, испреплетена со нејзината тешка борба со анорексијата и булимијата.
Хејнс, кој продолжи да режира такви современи класици како „Керол“, „Безбедно“ и „Далеку од рајот“, го следи подемот и трагичниот пад на пејачката во експерименталниот краток филм Superstar: The Karen Carpenter Story”,, користејќи кукли во стилот на Барби за да го илустрира влошувањето на нејзината состојба, што доведе до прерана смрт на пејачката во 1983 година.
Карен Карпентер и нејзиниот брат Ричард беа членови на познатото музичко дуо „The Carpenters“, кое доминираше на музичката сцена во текот на 1970-тите.
Нивната музика беше препознатлива по топлиот вокал и мелодичните поп песни на Карен, а многумина сè уште се сеќаваат на нивните хитови, како што се Close to You, We‘ve Only Just Begun, Rainy Days and Mondays…
Филмот има необичен визуелен стил од кој некои беа воодушевени и трогнати, како и бруталните детали од борбата на пејачката со нарушување во исхраната, додека други беа згрозени.
Филмот користи дрвени и картонски реквизити за да создаде анимиран изглед, а приказната е раскажана преку неми сцени со минимален дијалог. Песните на дуото „The Carpenters“ се музичката подлога на филмот, што ја засилува емотивната длабочина на приказната.
Семејството на Карен воопшто не беше воодушевено од овој филм, особено им пречеше нагласувањето на љубовта на нејзината мајка кон неа, како и деталите за анорексијата и психичките проблеми на пејачката. Ова доведе до правна битка за авторските права и ограничено јавно прикажување на филмот. Поради овие проблеми, филмот можеше да се најде само на неофицијални веб-страници, но тој е достапен на YouTube од минатата година.
Нарушувањата во исхраната кај Карен започнале во нејзините тинејџерски години, но никој од нејзините роднини не знаел за нив. Откако продаде 100 милиони плочи и 17 хит песни, нејзината психичка состојба се влоши.
Анорексијата се сметаше за табу тема на крајот на 70-тите, бидејќи никој отворено не се бореше со неа. Нејзините пријатели се обиделе да ги предупредат родителите на Карен да ја однесат кај професионалец за ментално здравје, но тие одбиле, велејќи дека психијатрите се за „лудаци“, а нивната ќерка не е луда.
Карен сама ги криела своите проблеми, а во најлошите фази пиела и до 80 лаксативи дневно. Покрај тоа, таа земала лекови за штитната жлезда без рецепт за да го забрза метаболизмот. Таа почина во февруари 1983 година на 32-годишна возраст од срцев удар.