Град Скопје: Деновиве ќе се знае дали мостот „Беласица“ веднаш ќе се врати во употреба или ќе треба некаква интервенција

од Вести365.МК Ј.Р.

Мостот „Беласица“ се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба. Од Град Скопје соопштуваат дека со вештачењето треба да се утврди дали воопшто има структурно оштетување на објектот.

Оттаму велат дека мостот е затворен како превентива, се додека не се добие уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Затоа, како што наведуваат од Градот, несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните.

Со ова, сакаме да ги демантираме и дезинформациите и паушалните раскази на медиуми кои ја користат оваа ситуација за водење на политичка агенда која на ниту еден начин не помага на разрешување на ситуацијата – се вели во соопштението од Град Скопје.

Од Градот апелираат до јавноста, медиумите и оние кои сакаат да се нарекуваат експерти да не предизвикуваат паника во јавноста со паушални изјави кои не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања.

Слични објави