Денеска полициските агенции во Босна и Херцеговина и Словенија започнаа заедничка акција против членовите на мрежата за организиран криминал што дејствува во двете земји, потврдија во текот на денот претставници на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА).
Како што се наведува во соопштението, акцијата била насочена против лица инволвирани во организиран криминал и „перење“ пари.
Во акцијата под кодно име „банкомат“, 30 локации во двете земји се цел на полициски претреси, додека полицијата во Босна и Херцеговина претресува 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница.
Повеќе од 50 лица беа осомничени за разни кривични дела, а по сите беа распишани потерници.
Во тек се активности за прибирање податоци за средствата што осомничените ги имаат на нивните банкарски сметки и сефови“, се наведува во соопштението.
Полициите во БиХ и Словенија акцијата ја спроведуваат во координација и соработка на агенцијата на ЕУ за правна помош Еуројуст, а истрагата заеднички ја водат државните обвинителства во Сараево и Љубљана.