Гола девојка го „УКРАДЕ ШОУТО“ на Аврил Лавињ

од Вести365.МК Ј.Р.

Аврил Лавињ пред два дена присуствуваше на доделувањето на Juno Awards во родната Канада, но на сцената и се случи нешто сосема неочекувано.

Додека настапуваше, Аврил се соочи со активистката за заштита на животната средина, која излезе на сцената топлес во знак на протест против новиот станбен план на владата на премиерот Џастин Трудо во Онтарио – да гради куќи на зачувано земјиште.

Додека пејачката го најавуваше раперот А.П Дилон зад Аврил се појавила полугола жена на која на грбот напишала пораката „Зачувај го зелениот појас“.

На никого не му е јасно како успеала да се протне покрај обезбедувањето и да се качи на бината.

Како што објави CBC News, Аврил Лавињ и дала кратка и јасна опомена на активистката „Бегај со тоа“, а таа го спомнала самиот инцидент истата вечер кога ја примала наградата.

„Подобро овој пат никој да не проба ништо! Ќе ја е**м кучката“, изјавила Аврил.

Водителот на емисијата, актерот Симу Лиу, двочасовниот пренос од Роџерс Плејс во Едмонтон го заврши со извинување на гледачите: „Извинете за с**сот“.

Слични објави