Вучиќ: Уапсени две лица осомничени за убиство на Данка Илиќ

од Вести365.МК Ј.Р.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека се уапсени две лица осомничени за убиството на Данка Илиќ и додаде дека сторителите го признале убиството, јави дописнкорт на МИА од Белград.

– Одиме на местото каде што е фрлено телето, рече Вучиќ на седницата на Владата и додаде „со какви чудовишта си имаме работа“.

Полицијата уапси две лица осомничени за убиството на Данка Илиќ, соопшти претседателот Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија.

-Колку што разбрав, тие го признаа делото. Тие одат на местото каде што беше фрлено телото на детето, додава Вучиќ.

Тој се заблагодари на полицијата за големиот труд и посветеност.

Десет дена траеше потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор.

Слични објави