Вучиќ: Нема членство во ОН и нема признавање за Косово

од Вести365.МК | Е.Д.

Тој, по состанокот со италијанскиот министер за надворешни работи, им се обрати на новинарите, кажувајќи дека војната во Украина за Србија е повеќекратно тешка позиција во овој момент. „Задоволни сме што го зачувавме мирот“, кажа Вучиќ.

Тој потсети дека во италијанскиот печат, по почетокот на војната во Украина на 24 февруари минатата година, можеа да се прочитаат десетици текстови во кои пишуваше дека е само прашање на време кога Србија ќе ја нападне Босна и Херцеговина. „На сите им е јасно дека тоа беа невистини и дека Србија се труди да се зачува себе“, кажа српскиот претседател.

„Ние би сакале војната во Украина да престане во оваа секунда“, додаде тој, објаснувајќи дека на Западот гледаат само кој ќе победи а кој ќе изгуби.

„Нас нè интересира кога ќе има мир. Денес тоа не смеете да го кажете, бидејќи ќе добиете прекор. Србија сака мир, се надева на мир, и се надеваме дека тоа ќе ни донесе олеснување. Ќе го биде или не, се плашам дека нема да го има наскоро“, заклучи српскиот претседател.

„Србија никогаш не се служела со трикови… за разлика од сите нив. Она што го кажав во Брисел, во Белград, не е сменето ни за милиметар. Правно обврзувачко е кога ќе ставам потпис или со тоа усно ќе се согласам. Србија ќе работи на имплементацијата. Но нема да има членство во ОН и нема признавање. Ова останатото ќе значи нормален однос на Србите и Албанците, без тензии, Србија ќе имплементира, а дали и некој друг ќе имплементира, ќе видиме“, кажа Вучиќ.

Слични објави