Во САД капки за очи предизвикаа СЛЕПИЛО и СМРТ кај пациенти

од Вести365.МК Ј.Р.

Досега, на 68 Американци во 16 држави им биле дијагностицирани низа симптоми предизвикани од ретката бактерија Pseudomonas aeruginosa.

Повеќето пациенти кои дошле на лекар со болка во очите, исцедок, црвенило, заматен вид и други симптоми користеле капки за очи и вештачки солзи, соопшти ЦДЦ. Едно лице починало, осум ослепиле, а лекарите морале хируршки да им ги отстранат очите на четири лица.

Десет различни видови капки за очи првично биле сомнителни дека се причина за болестите. Во јануари, ЦДЦ ги предупреди луѓето да престанат да користат вештачки солзи на EzriCare и Delsam Pharma. Во февруари, Global Pharma, компанијата која ги произведува двата вида капки за очи, објави дека ги повлекува производите од полиците, по официјална препорака од американската Администрација за храна и лекови (FDA). Минатата недела ФДА објави повлекување од полиците на капките за очи дистрибуирани од две други компании, Фармадика и Апотекс.

Тестирањето открило бактерии во ампулите што ги користат пациенти со воспаление. Други, неотворени ампули во моментов се тестираат за да се утврди дали настанала бактериска контаминација за време на процесот на производство. Станува збор за американски компании со производство во Индија.

Минатата недела, една жена од Флорида го тужела производителот откако лекарите морале да и го отстранат едното око поради тешко воспаление. Нејзината адвокатка, Наташа Кортес, верува дека има многу повеќе кои биле заразени без воопшто да знаат за тоа. Таа изјави за NBC News дека веројатниот виновник е недостатокот на конзерванси во капките за очи.

ЦДЦ ги повика сите што ги користеле отповиканите капки за очи и сега имаат симптоми, да го посетат својот лекар. Симптомите вклучуваат, како што објави Би-Би-Си, жолт, зелен или јасен исцедок од окото, непријатност или болка, црвенило, заматен вид и зголемена чувствителност на светлина.

Капки за очи и производи за миење очи користеле приближно 117 милиони Американци во 2020 година, според Би-Би-Си, повикувајќи се на фирмата за истражување на пазарот, Статиста.

Слични објави