Директорот на Агенцијата за воена безбедност (ВБА), генерал-потполковник Ѓуро Јованиќ, денес изјави дека припадници на српските вооружени сили биле нападнати синоќа во Нови Сад и дека седум припадници на војската се повредени, од кои четворица имаат тешки повреди.
Јованиќ на конференција во Генералштабот, по повод синоќешните настани во Нови Сад, изјави дека биле нападнати припадниците на единицата за специјална воена полиција „Кобра“ кои ги извршувале своите редовни задачи и обврската за обезбедување на одредено лице.
Како што рече, имало напад врз припадници на војската од страна на непознати лица, со физичка сила, разни палки, факели и пиротехнички средства.