Воскопулос: Безбедноста на секој Македонец е во опасност кога ќе се најде на место каде што живеат членови на „Златна зора“

Има секако Грци демократи што го осудуваат инцидентот и реагираат соодветно, но и недемократи кои ќутат за тоа што се случи, вели во разговор за „Локално“, членот на колективното раководство на партијата на Македонците во Грција, „Виножито“, Павле Воскопулос Филипов за упадот на маскирани членови и симпатизери на „Златна зора“ и прекинот на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреевски во Солун.

Воскопулос информира дека веста не е „прва тема“ во грчкиот политички етер, бидејки почна предизборниот период во Грција.

-Реагираше и владиниот портпарол на привремената грчка влада и го осуди овај акт против македонскиот уметник, истакнува членот на „Виножито“.

Според него, безбедноста на секој Македонец од Македонија е во опасност кога ќе се најде на место каде што живеат или делуваат Грци недемократи, особено членови или пријатели на „Златна Зора“.

Слични објави