ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на судот во Стразбур е потврда дека во Македонија имаме заробено судство од ДУИ и СДСМ

од Вести365.МК | М.Т.

Одлуката на судот за човекови права во Стразбур потврди дека случајот 27 април беше политички процес, процес за гонење и тортура на политички неистомисленици е со цел да се случат Уставни измени во Собранието. Одлуката од судот во Стразбур е само уште една потврда дека во Македонија судството и судиите се заробени од кликата на власт предводена од ДУИ и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Посочуваат дека потврда за тоа како криминалците од ДУИ и СДСМ ги користат судиите и јавните обвинители за закани, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа одлука е само уште еден доказ за суровоста и изживувањето на Добрила Кацарска, за која доби своја лична награда – уставен судија. Додека невини луѓе лежат во затвор, криминалците од власта на ДУИ и СДС слободно хараат низ државата и секој ден стануваат се побогати, пљачкосувајќи го народот, истакнуваат тие.

Додаваат дека за сите вмешани во овој политички случај, за сите обвинители и судии по промената на власта, која ќе е случи многу скоро, ќе има одговорност.

– Одговорност заради тортурите врз граѓаните кои се уште се во затворите и одговорност за малтретирањата и страдањата на семејствата на неоправдано осудените лица кои добија над 210 години затвор. Правда во Македонија ќе има. Правда за сите неоправдано затворени, како и одговорност за секој кој се вмешал во криминал и предавства, стои во соопштението.

Слични објави