ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби дал пари на фирмата на братот Ветон Груби

од Вести365.МК Ј.Р.

Криминалот на Артан Груби нема крај, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Груби ги полни џебовите на неговиот брат со буџетски пари, а Ковачевски го аминува.

Според документите од отворени финансии може да се увиди како Артан Груби од позиција на министер му исплаќа средства на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.

Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари.

Од 2020-тата до 2022 година, во точно 8 наврати владините институции односно министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје.

ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје е фирма која во период од 2016-та до 2020-та година има минусно салдо. Поточно фирмата на братот на Груби работела во загуба.

Слични објави