ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го разреши Перински за истиот проект за пречистителната станица кој сега го потпиша

од Вести365.МК | С.З.

Вчера на потпишувањето на грантот од ЕИБ, за изградба на пречистителната станица во Скопје, паднаа маските и сите лаги, кои беа упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински, во тој момент директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со изјавата на потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, дека биле исполнети сите планови и процедури во постапката и дека се било во ред, се потврди дека Данела Арсовска и СДС пред 6 месеци се обидоа, да ги изманипулираат скопјани, за некакви криминали и медови околу пречистителната станица во Скопје.

Арсовска вчера присувствувала на настанот, за проект кој прво се обиде да го урне, од само за нејзе познати цели, а во исто време да слуша во живо како ја демантираат директно од ЕИБ и со лажна насмевка истото да го проследи.

Доблесно е, Арсовска и СДС, да најдат сили и да се извинат пред јавноста за лагите и манипулациите со кои се служеа. Арсовска позната по синтагмата “Лажи, лажи Дано”, треба во најмала рака да се извини за лагите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински.

Слични објави