Влада Урошевиќ е лауреат на годинешните „Струшки вечери на поезијата“

од Вести365.МК Ј.Р.

Македонскиот поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач, академик Влада Урошевиќ е добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, објави претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева.

Урошевиќ е третиот македонски автор кој го добива „Златниот венец“, по Блаже Конески во 1981 и Матеја Матевски во 2011 година.

Урошевиќ се заблагодари за наградата од седиштето на УНЕСКО во Париз, каде денеска се слави Светскиот ден на поезијата, 21 март, и каде се одржува целодневна програма во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов.

Минатата недела, академик Урошевиќ за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, ја доби престижната книжевна награда „Роман на годината“ за 2022 година.

Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“ е годинешниот добитник на наградата „Мостови на Струга“ – меѓународна награда што ја доделува фестивалот „Струшките вечери на поезијата“ заедно со УНЕСКО, за најдобра дебитанска поетска книга во светот.

Слични објави