Неверојатна сцена се случила вчера во белградски трамвај, а снимката од целиот инцидент со голема брзина се проширила на социјалните мрежи.
Како што можете да видите на видеото, една девојка во високи потпетици решила да седне на бабата бидејќи како што рекла, ја болат нозете. „Линија 13 денеска во Нов Белград околу 16:47. Девојката седнала на бабата и ја чекала да стане бидејќи, како што вели, ја болеле нозете“, пишува покрај објавата на профилот „Мој Белград“ на Инстаграм.
Постарата госпоѓа неколку пати и рекла на девојката да стане, за да може да се симне од седиштето, но девојката упорно одбивала. Се приклучиле и други патници кои и понудиле на девојката место да седне, само за да престане да прави непријатна сцена.
Но, имало и такви кои веруваат дека старицата не е во право и дека и го одземала местото на девојчето.
„Колку некултура, непочитување. А дали ја болат стапалата на баба? Затоа што не ги соблече штиклите, немаше да ја болат”, „Можеше да побара некој да застане за неа ако е уморна и нејзините стапала ја болат. Ама ваквиот настап е блам!“, „Не верувам што гледам“, „Каква дијагноза сме ние како народ“, напишале повеќето следбеници на споменатата страница, а нивните коментарите добија илјадници лајкови.