Брук Шилдс проговори за трауматичното искуство кога била СИЛУВАНА: „Чудо е што преживеав“

од Вести365.МК Ј.Р.

Актерката Брук Шилдс (57) во интервју за магазинот People проговори за силувањето, за кое првпат се отвори во својот документарен филм „Pretty Baby: Brooke Shields“.

Брук рече дека е „чудо“ што го преживеала силувањето што го претрпела кога имала 20 години.

– Ми требаше долго време да го обработам. Сега сум уште побесна отколку тогаш. Ако се плашиш, се плашиш со причина. Ова се страшни ситуации – открила актерката.

24sata

Во својот документарец таа откри дека тој период бил „најниската точка во нејзината кариера“. Брук во тоа време била студентка во Принстон, а на факултет се запишала откако стекнала слава. Дипломирала, а по завршувањето на студиите немала среќа да добие улоги. Таа доби можност да оди на вечера со режисер, а нејзините очекувања беа дека ќе добие филмска улога. По вечерата, актерката се согласи да замине во хотелот во кој престојуваше режисерот за да повика такси. Тогаш тој се нафрлил врз неа и сексуално ја злоставувал.

– Не се борев, ниту се спротивставив толку… Се сеќавам само дека се скаменив. Мислев дека моето едно „не“ е доволно. И цело време си велев – остани жива и излези – рекла Брук, а никогаш не го открила идентитетот на напаѓачот.

Слични објави