Претставниците од Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска реагираа на одлуките на Владата да интервенира во цените на производите со нивно замрзнување. Тие се согласни дека треба да им се помогне на граѓаните но дека државата мора да најде други механизми. Сметаат дека тоа може да се постигне преку намалување на царините и данокот на додадена вредност.
Одлуката на владата за замрзнување на цената на јајцата ќе ја почитуваме во целост бидејќи ние и така не планиравме поскапување.. За жал не можеме да размислуваме за корекција во надолна линија бидејќи и сега сме најевтини во регионот, а трошочите за производство на јајца се високи вели директорот на една од најголемите живинарски фарми, Везе Шари.