Бен Афлек „НА ТАПЕТ“ на таблоидите по доделувањето на Греми наградите

од Вести365.МК Ј.Р.

Пред еден месец снимката од несреќниот Афлек на доделувањето на Греми наградите го обиколи светот, а медиумите шпекулираа дека тој се скарал со неговата сопруга Џенифер Лопез, која наводно го критикувала. Но, еве ја неговата вистина.

Познатиот холивудски актер Бен Афлек (50) беше главна тема на таблоидите по доделувањето на Греми наградите 2023. Како што се чинеше, камерата успеала да го улови непријатниот разговор помеѓу него и неговата сопруга Џенифер Лопез, па со денови се шпекулираше за што се расправале.

https://twitter.com/thebravobabe_/status/1622433307869822982?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622433307869822982%7Ctwgr%5Eaea9e073d31d49089a27130230123012e73b4f8a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fzabavna%2Fben-aflek-50-beshe-glavna-tema-na-tabloidite-po-dodeluvanjeto-na-gremi-nagradite-2023%2F

Афлек таа вечер изгледаше прилично несреќно и речиси незаинтересирано за сè што се случува околу него. Неговото „кисело“ лице го обиколи светот, па се шпекулираше дека сопругата го изнервирала и дека парот наводно се разведува иако сè уште не ја прославил првата годишнина од бракот.

Еден месец по тој настан, познатиот актер проговори за инцидентот и реши конечно да стави крај на сите шпекулации. Тој тврди дека не си поминал лошо на Греми наградите, а неговиот тажен лик бил поради тоа што водителот Тревор Ноа го фатил неспремен за скечот.

– Го видов Ноа како се приближува до нашата маса и си помислив: „О, Боже“! Бевме во кадар, а јас и шепнав на Џени: „Ако Тревор ни се приближи, ќе те оставам сама, да знаеш“- изјавил Афлек во интервјуто за Холивуд репортерс, а пренесува Њујорк пост.

А, еве што му шепнала сопругата, поради што многумина погрешно разбрале дека го критикува.

– Таа рече дека е подобро да не ни приоѓа. Останатото што се случи е наша лична работа, помеѓу мажот и жената, не разбирам зошто толку се зборува за сето ова – додаде популарниот актер.

Повеќето извори потврдија дека Афлек зад сцената бил одлично расположен, се смеел и се шегувал, иако на доделувањето на Греми наградите дошол само да ѝ прави друштво на својата сопруга која врачи една од наградите.

Слични објави