За утре во Охрид е закажана средба на лидерите од Процесот Брдо – Бриони, на која се очекува и присуство на Александар Чупиќ, новиот претседател на српското собрание и вршител на должноста претседател на Србија.
На средбата во Охрид, чијшто домаќин е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се гледа како продожение на одложениот состанок од мај годинава, но и како промоција на новата српска власт, дотолку повеќе што претседателот на српското собрание вчера не учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан, во Брисел, поради зафатеност со конститутирањето на новиот парламентарен состав.
На утрешната средба, освен коорганизаторите – хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, се очекува да бидат присутни и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачката и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.