Арсовска нема да ја почитува одлуката за издавање на спортските сали

од Вести365.МК | М.Т.

Советот на Град Скопје донесе нова одлука која дозволува директорите на средните училишта во Скопје да издаваат спортски сали под закуп. Пред девет месеци, Советот го измени правилникот за издавање на имотот на градот, со што директорите не можеа да издаваат спортски сали и училишни дворови, туку само градот го имаше тоа право. Градоначалничката Данела Арсовска најави дека нема да го почитува новиот правилник со објаснување дека тој е незаконски. Според денешната одлука, не е јасно што ќе се случува со спортските сали во иднина.

Слични објави