Ја убив жена ми, татко и син, имам уште луѓе да убивам: Монструмот од Босна се вклучил во живо на Инстаграм

од Вести365.МК Ј.Р.

Бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ, кој е осомничен дека ја убил сопругата и се во живо пренесувал на Инстаграм, штотуку во живо се обрати на своите следбеници, додека полицијата трага по него.

Тој признал дека за време на бегството, убил уште две лица, татко и син, бидејќи му се нашле на патот.

Пукав во полицаец, ама ми избега, не можев да го стигнам. Бебето е на сигурно. Предупредував на ова, никој не сфаќаше сериозно. Не сум балавец, некој да крие дете од мене и да ме пријавува на полиција. Само сакав семејство, сега бебето ќе биде без двајцата родители – рекол за време на уклучувањето во живо на Инстаграм.

Слични објави