Франција отсекогаш ја фаворизирала домашната автомобилска индустрија, но последните трендови многу го променија тоа.
Според најновата студија спроведена од YouGov врз основа на податоците за претходната година, Французите го ставиле Peugeot на прво место. Покрај општиот впечаток, тие го оценуваат квалитетот, вредноста за парите, угледот, задоволството и други категории.
Peugeot е петта година по ред на врвот, што ја потврдува доследноста на компанијата и искуството на автомобилите од оваа марка на домашниот пазар.
Сепак, другите француски брендови не поминале толку добро. И додека се разбира отсуството на специјализирани брендови како Bugatti и подбрендот Alpine, интересно е што за француските германските марки се пред домашниот Citroen.
Mercedes на второто место, а потоа следат Audi, Volkswagen и BMW.

Од друга страна, ако ја погледнеме соседна Германија, нема спорно дека францускиот бренд таму ќе влезе во топ 10.