ЦУК: Дрво падна кај „Млечен“, оштети автомобили и скина кабли

од Вести365.МК Ј.Р.

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК вечерва е примена пријава за паднато дрво на улицата „Анкарска“, кај „Млечен ресторан“.

Паднатото дрво оштетило три паркирани автомобили. Полиција е на местото и настанот е пријавен во ЈП „Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.

Дрвото при падот скинало и неколку кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.

Слични објави