Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомотосојузот на Македонија.
Фреквенцијата на возила е зголемена на граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица каде што за влез во државава утрово се чека повеќе од еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.