Французите против Макрон за испраќање на војници во Украина

Повеќе од три четвртини од жителите на Франција се против испраќање на француски војници во Украина, покажува студијата на центарот ЦСА, спроведена за радио станицата „Европа 1“.

Дури 76 отсто од анкетираните жители на земјата не сакаат француската армија да се најде на украинскиот фронт“, посочуваат од „Европа 1“.

Овој одговор речиси и не се менува во зависност од полот на анкетираните Французи – против биле 77 отсто од мажите и 75 отсто од жените.

Сепак, кога станува збор за возраста, работите се малку поинакви. Меѓу анкетираните на возраст од 50 до 64 години, 85 отсто се против военото присуство во Украина.

Макрон изјави дека неговиот став, за можноста за испраќање западни трупи во Украина, е размислуван и обмислен.

Секој збор што ќе го кажам на оваа тема е одмерен, обмислен и избалансиран, истакна Макрон на официјалното отворање на Олимпиското село во Сен Дени.

Тој одби дополнително да коментира за „геополитичката ситуација“, истакнувајќи дека Олимпиското село не е местото за тоа.

Макрон по меѓународниот состанок за поддршка на Украина во Париз што се одржа на 26 февруари, наведе дека во иднина не ја исклучува можноста за учество на европски трупи во војната во Украина. Тој, исто така, нагласи дека западните земји во моментов немаат консензус по тоа прашање.

Можноста за испраќање западни трупи во Украина беше отфрлена од многу земји-членки на НАТО, вклучително САД и Германија, а ја критикуваа и француските опозициски партии.

Слични објави