За жал, повторно Фондот за здравствено осигурување го одби Леонид Индов за лекување во Виена, објави Јован Андоновски, заменик јавен правобранител.
„Момчето веќе неколку месеци е таму, трансферирано со медицинскиот хеликоптер на државата. Кој ќе го покрие лекувањето овие месеци?
Играњето мајтап со Леонид, но и со Јани и низа останати лица со иста или слична судбина стана дел од нормалноста. Не, ова не е нормално и вака државата не смее да се однесува со своите граѓани!