Фиорентина рутинирано за финале во Купот на Италија!

Интер прв се пласира во финалето на Купот на Италија, а денеска се знае и вториот финалист екипата на Фиорентина, која пак по победата во првиот натпревар од 2:0 на вечерашниот натпревар со Кремонезе ремизираше 0:0. Финалето ќе се одигра на 24-ти мај во Рим, каде што Интер актуелниот освојувач на Купот на Италија, ќе го брани трофејот против Фиорентина.

Во текот на натпреварот, домашните имаа можност за гол во 16-тата минута, но не успеаја да го реализираат. Во првиот дел не видовме многу акција од страна на ниту една од екипите. Во вториот дел, тренерот на Фиорентина направи две замени, но и тоа не ги донесе промена на резултатот. Последната можност за гол се случи во 75-тата минута, но и овој обид беше неуспешен.

Слични објави