Ќе дојдам на анкетната комисија да одговорам на прашањата на пратениците, вели поранешниот министер за здравство Венко Филипче во кратка изјава за „Канал 5“, прва по последниот од редот скандали околу Клиниката за онкологија.
Во времето додека бев министер, онколошките пациенти добија современа терапија и воведовме низа олеснувања за нив со што значително им го подобривме квалитетот на животот. Се надевем дека случајот ќе се расчисти во најкус рок затоа што довербата во Клиниката за онкологија не смее да биде нарушена, вели Филипче за „Канал 5“.
Претседателката на Анкетната комисија за случувањата во Онкологија, Рашела Мизрахи информираше вчера дека бараат политичка одговорност, а како што вели, се утврдиле заклучоци за поведување постапка за утврдување на одговнорност кај носителите на јавните функции. Верува дека ова ќе биде првата Анкетна комисија која ќе ја заврши задачата, утврдена со одлуката.
Таа посочи дека за случајот треба да се информираат од актуелниот и поранешните министри за здравство.