Обвинителката Фатиме Фетаи доби две дисциплински постапки, од кои една за соработка со обвинетиот новинар Марјан Доказ, а втората поради нестручно постапување.
Според „Макфакс“, покрај поранешната обвинителка на СЈО, вакви две дисциплински постапки има и за втор обвинител – Сашо Рајчев.
Првата е за наводите дека соработувале со осудениот сопственик на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски. Втората, според извори во Обвинителството, е поднесена поради нестручно постапување. За двете дисциплински се доставени и. докази кои треба да ги цени Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност. Обвинителството не споделува детали од дисциплинските постапки.
Засега тие двајца се немаат изјаснео, а на потег е комисијата.