УПОЗ се согласи платите на административците да се зголемат по формулата на премиерот Мицкоски

од Вести365.МК Ј.Р.

Заврши средбата помеѓу Синдикатот на УПОЗ и премиерот Христијан Мицкоски во Владата. На маса беа потпишување на колективниот договор и новата формула за плати. Средбата следува откако премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски рече дека Владата го прифати барањето на Синдикатот на УПОЗ но не во целост, но важно е дека се прифати да се исплаќаат и додатоците на плати. Зголемувањето ќе биде на три рати по 8 отсто годишно, а не по 10 отсто како што баравме и ќе почне да се исплаќа од месец март.

Пред тоа, како што појасни Деаноски потребно е со ова да се согласат сите органи и тела на УПОЗ и да се потпишат колективни договори. Тој не ја исклучи можноста ваквиот договор да не добие зелено светло од сите синдикати кои се во рамките на УПОЗ.

Слични објави