Убиецот од Прага, се заканувал со самоубиство, го убил татка си, па решил да убива други

Најмалку 15 луѓе се убиени во нападот со огнено оружје од страна на 24 годишниот Давид Козак во Прага. Козак вчера попладне на прашкиот плоштад Јан Палач почнал да пука од долга цевка со оптички нишан од четвриот спрат на Филозофскиот факултет, Карлов универзитет, а потоа поминал во ходникот на зградата, од каде пукал на луѓето кон мостот Манес.

Директорот на полицијата Мартин Вондрашек изјавил дека напаѓачот е 24 годишник од Кладно и дека имал суицидни мисли. Полицијата попладнето распиша потрага по Козак, а пред крвавиот пир во Прага, момчето го убило сопствениот татко.

Тој во пораката во која го најавил масакрот на извесна Алина и кажува како „секогаш сакал да убие“.

Британски Тајмс дошол до заклучок за тоа каква е неговата инспирација врз основа на објавите на Козак на мрежата Телеграм, каде тој наводно објавил дека „Алина Афанаскина премногу му помогнала“.

– Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прават масовни убиства отколку сериски. Чекав. Сонував. Сакаше… но Алина стана последната точка. Како навреме да ми дојде на помош од рајот – наводно напишал тој.

Поради вчерашниот масакр, кој се смета за најголем во историјата на Чешка, во сабота е прогласен ден на жалост, а според британскиот весник, напаѓачот „фантазирал да стане манијак“.

Во исто време, полицијата се уште ја истражува поврзаноста на напаѓачот со други убиства.

Во него се додава дека соседите го опишале напаѓачот како „интровертен лудник“ кој бил фасциниран од пиштоли и се верува дека го убил својот татко пред масовните убиства на универзитетот.

Слични објави