Фудбалерите на Тулуз го освоија Куп трофејот во Франција, откако победија со 5:1 во финалето во Париз. Тимот на Нант, кој го бранеше трофејот од минатата година, загуби во убедлива игра на Тулуз. Ова е највредниот трофеј кој екипата на Тулуз го има освоено во последните 60 години, во Купот на Франција. Тулуз го имаат освоено Купот во 1957 година, но потоа згаснале во 1967 година, за да повторно се реактивираат во 1970 година, и овој трофеј е најголемото постигнување за клубот од тогаш.
Во ова доста атрактивно финале на Купот во Франција, и богато со погодоци, Тулуз ги реши сите дилеми во првите 30 минути со убедлива игра. Логан Коста постигна два гола во раните минути на играта, додека Далинга ја зголеми разликата на 4:0 со двата свои погодоци. Во второто полувреме, Нант успеа да постигне почесен гол преку Блас, но Тулуз ја потврди победата со погодокот на Абукал за конечни 5:1.