Тредс требаше да биде замена за Твитер (Икс), ама се повеќе го игнорираат, луѓето го имаат, но не го користат

По првичната возбуда во првите недели од новата социјална мрежа, Threads веќе не привлекува толку големо внимание.

Марк Цукерберг и Мета го лансираа Тредс како главен конкурент на Твитер (Икс) на Маск. На самиот почеток, во текот на првите недели, Тредс стана најбрзо растечката апликација во светот и за само неколку дена привлече повеќе од 100 милиони корисници.

Сепак, по првичната возбуда предизвикана од новитетот на Интернет, корисниците ја преземале апликацијата, гледале што има на неа, креирале профили – а потоа голем број од нив ја напуштиле мрежата и повеќе не се вратиле.

Според Ројтерс, речиси половина од оние корисници кои првично креирале профили на оваа мрежа не се вратиле.

Очигледно Цукерберг го очекувал тоа, што го потврдил и на средбата со акционерите. Сепак, тој смета дека бројот на корисници на Tредс ќе се стабилизира, а во тоа ќе помогнат новите функции кои се подготвуваат за платформата.

Останува да се види колку добро новите функции ќе ги привлечат и задржат корисниците. Во минатото, Мета не можеше да ги задржи корисниците на своите нови проекти, а главен пример за тоа е Метаверс, кој се покажа како проект кој не беше толку популарен и профитабилен како што се очекуваше.

Слични објави