ТЕНЗИЧНО НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО, зголемено присуство на КФОР

од Вести365.МК Ј.Р.

Локалните срби во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток повторно се собираат за да ги спречат новите градоначалници да влезат во општинските згради. Присутен е КФОР како и косовската полиција.

Како што јави Радио-телевизија на Србија (РТС), вработените во неколку наврати се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата.

Косовската полиција употреби солзавец за да ги растера граѓаните, откако КФОР им дозволи да се соберат пред зградата на општината во Звечан, денеска, 29 мај. Блокиран е и патот до општинската зграда каде е поставена метална ограда, јавуваат новинарите на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Новинарите на РСЕ известуваа и за зголеменото присуство на КФОР во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, општини населени со мнозинско српско население, каде тензиите се зголемија во последните денови.

Локалните Срби од овие општини се собраа на 29 мај повторно да се спротивстават на новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април.

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ на 29 мај разговараше со припадниците на мировната мисија на КФОР во Звечан.

Тој, наводно, рекол дека барањето на тамошните Срби е новиот градоначалник на оваа општина Илир Пеци да не влегува во општинската зграда. Тој, исто така, побара од КФОР косовската полиција да ги повлече специјалните единици од оваа област.

Медиумите информираат дека новоизбраните градоначалници во четири општини треба да се сретнат со американскиот амбасадор во Косово. Очекувано, можно е да биде многу клучен разговор со цел да се деескалира новосоздадената тензична ситуација.

Слични објави