„Тајни“ пораки со Фајзер може да и пресудат на Фон дер Лајен

Белгискиот лобист Фредерик Балдан ја тужеше претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен пред белгискиот суд во Лиеж поради сомневање дека таа лично преговарала со компанијата Фајзер за набавка на вакцини против Ковид-19.

Балдан, кој од претседателот на ЕК бара отштета во износ од 50.000 евра поради причинетата морална штета, смета дека споменатите обвинувања против Фон дер Лајен ги разнишале јавните финансии и јавната доверба во неговата земја, пренесува Еурактив.

Тој тврди дека Фон дер Лајен преговарала за вакцината за набавка надвор од мандатот што и го дале земјите-членки на Европската унија (ЕУ).

Земјите-членки на ЕУ го дадоа мандатот на ЕК, а не на Урсула фон дер Лајен лично, нагласи Балдан.

Во случај претседателката на Европската комисија да ги избрише СМС пораките што ги разменила со извршниот директор на Фајзер Алберт Бурле, тоа може да се спореди со уништување на јавната управна документација, тврди Балдан.

Тој додава дека Фон дер Лајен, доколку не сака да ја открие содржината на пораките, со тоа самоволно ги ограничува правата загарантирани со устав и наведува дека, според белгискиот закон, ова е кривично дело.

Претседателот на ЕК не може да ја сокрие содржината на СМС пораките тврдејќи дека се приватни, бидејќи тоа би укажало на интимна врска меѓу Фон дер Лајен и Бурле и конфликт на интереси во преговорите за вакцината, според Балдан.

Во тужбата се привлекува вниманието дека Фајзер имале посебни привилегии како снабдувач на вакцини во ЕУ.

Во 2022 година, Белгија прими 40,4 милиони дози вакцини против Ковид-19 од сите производители, а од тој број, 27,9 милиони вакцини беа од Фајзер, според Институтот за јавно здравје Sciensano.

Американскиот весник Њујорк Тајмс претходно поднесе тужба против ЕК затоа што извршното тело на ЕУ одбива да објави СМС пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и Алберт Бурле, пишува Политико.

Слични објави