Суспендирана полицајката која се поврзува со убиецот во Босна и Херцеговина

Денеска била потпишана суспензијата на полицајката Џенана Селимовиќ која се поврзувала со повеќекратниот убиец од БиХ, Нермин Сулејмановиќ. Според директорот на тамошната полициска управа од Тузла, Селимовиќ е суспендирана поради дружбата со Сулејмановиќ.

Како што пишуваат регионалните медиуми, полицајката по годишниот одмор се вратила во Градачац, а потоа веднаш земала боледување.

Службеничката Џенана Селимовиќ се врати од одмор. Таа побарала лекарска помош и зела боледување. Сите информации со кои располагаме фрлаат сомнеж за нејзиното дружење со криминално активни лица, при што таа го прекршила кодексот и направила службена повреда на дисциплинската должност. Сепак тоа не е поврзано со овој последен настан, рече директорот на полициската управа, Џевад Корман.

Адвокатот на Џенана, Бакир Хеќимовиќ, претходно за медиумите изјавил дека Џенана наводно немала контакт со Нермин Сулејмановиќ.

Слични објави