Три степени под нулата се измерени утрово во Берово, 0 во Битола, 1 во Лазарополе, 2 во Скопје – Петровец, Тетово, Струмица, Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, Велес, Куманово, Демир Капија, 4 во Штип, Прилеп, Гевгелија, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, а 6 на Попова Шапка, во Крушево, Виница и во Охрид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, Куманово и Тетово има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.
Утрото студено, преку денот претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје утрото студено, преку денот сончево и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степени.
Ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.