Студено и магливо утро, попладне сончево и потопло

од Вести365.МК Ј.Р.

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус три до четири Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а во текот на денот, според синоптичарите, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеролошки работи, под влијание на висок воздушен притисок, и за време на викендот се очекува стабилно и тивко време, наместа со појава на магла и зголемена облачност во ноќните и претпладневните часови.

Слични објави