Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска од Скопје го поздрави договорот за примирје меѓу Хамас и Израел, што ќе доведе до ослободување на дел од заложниците од двете завојувани страни.
Според него, тоа исто така ќе доведе до пристигнување на хуманитарна помош.
-Добро е што сме во Скопје. Со нетрпение чекам да се сретнам со останатите лидери на НАТО сојузниците од регионот. Ви благодаррам за вашата посветеност и придонес во Алијансата, рече Столтенберг пред почетокот неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузници.